Штабот на Пендаровски ја демантира ТВ Алфа: Не е точно дека не испративме објаснување

by fokus

Телевизија Алфа денеска соопшти дека кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, го откажал тв соочувањето со противкандидатката, Гордана Силјановска на оваа телевизија. Како што соопштија од телевизијата, побарале објаснување од штабот на Пендаровски, но не добиле.

Од штабот на Пендаровски, пак, ги демантираат овие тврдења. Од таму потврдуваат дека ја одбиле поканата, но, како што наведуваат, поради набиената агенда на Пендаровски. Од штабот додаваат дека прифаќаат покани само во медиуми каде што до сега во изборната кампања не гостувале.

„За да се спречи ширење на шпекулации,  во врска со гостувањето на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски,  не е точно дека ТВ Алфа, не добила никакво објаснување, како што е наведено во текстот објавен на веб страницата на телевизијата.

Вистината е дека до Телевизија Алфа е испратен одговор по електронска пошта кој го пренесуваме во целост:

„Поради веќе договорени активности и набиена агенда на кандидатот за претседател Стево Пендаровски ве известуваме дека не сме во можност во посочениот термин да одговориме на вашето барање.

Во првиот круг од кампањата Пендаровски одговори на сите барања за јавни настапи од медиумите, вклучително и на вашиот медиум, каде што веќе се реализираше интервју со кандидатот за претседател Стево Пендаровски, согласно вашите барања.

Поради кратките рокови и веќе договорените теренски активности на кандидатот за претседател, го запазуваме принципот за учество на телевизиските соочувања на оние медиуми каде што немаше тв дуели и интервјуа во првиот изборен круг, со исклучок на националниот сервис МТВ.

Цениме дека принципот на подеднаква присутност на сите медиуми во рамки на кампњата дава еднаква важност на медиумите и рамномерен, избалансиран пристап во однос на медиумската застапеност и достапност до граѓаните,“ соопштија од таму.

Поврзани новости