Автомобил со мајка и две деца се преврте на обиколница

by fokus

На скопската обиколница, кај влезот од Тетово, попладнево се случила сообраќајна несреќа, во која со повреди се здобиле мајка и две деца. Како што информираат од МВР возилото „форд ка“  со скопски регистарски ознаки се превртело.

Мајката и двете деца се пренесени во градската општа болницата „8 Стептември“, каде им се констатирани телесни повреди. Од болницата велат дека сите се во добра состојба.

Фото: 1ТВ

Поврзани новости