590
Лидерот на опозициската српска партија Двери, Бошко Обрадовиќ заврши легнат на земја, откако полицијата почна да ги растерува демонстрантите со солзавец на протестот во Белград
Обрадовиќ додека седеше на тротоарот за порталите кои вршат пренос во живо изјави дека полицијата тепала кого стигне, и жени и деца, а тој добил удари во раката и ногата и завршил на земја.
Вели дека власта пуштила криминалци меѓу демонстрантите за да ја нападнат полицијата, а потоа таа да почне да ги тепа граѓаните.
-Ова е лицето на исплашениот режим, вели Обрадовиќ.