Џилас: Власта испрати хулигани на протестот за да ги нападнат лидерите на опозицијата

by fokus

Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда, Драган Џилас вечерва демантираше дека бил нападнат на протестот против Александар Вучиќ, но рече дека власта има испратено хулигани за да ги напаѓаат лидерите на опозицијата за време на протестот.

-Мене никој не ме нападна и немав никакви непријатности на протестот. Но, точно е дека власта испрати екипа хулигани со цел да ги нападнат лидерите на опозицијата. Имаме и сведоци кои ги слушнале. Сето тоа и го очекувавме и подготвени сме и на полоши работи во борбата од која нема да се откажеме, напиша Џилас.

Поврзани новости