ВИДЕО Демонстранти во Нови Сад извршија напад врз седиштето на партијата на Вучиќ и ТВ Војводина

by Фокус

Протестите што синоќа почнаа во Белград се проширија и во други градови во Србија.

Вечерва, на протест во Нови Сад се каменувани просториите на Српската напредна странка на Александар Вучиќ, а, како што јавува Н1, дошло и до вербален и физички судир со човек кој излегол од седиштето на партијата и се обидел да ги спречи демонстрантите во обидот да го демолираат штабот.

Колоната од демонстранти се движи кон центарот на градот, кон покраинската Влада. Присутните фрлале различни предмети на РТВ во Нови Сад и скршиле стакло, при што е повредено и едно момче.

Демонстрантите во нападнаа и влезот во телевизија Војводина, јави Нова.

Во Белград, пак, демонстрантите повторно се собираат пред Собранието на Србија, а протести имаше и пред Филозофскиот факултет.

Покрај тоа, протести имаше и во Ниш и Крагуевац.

Поврзани новости