Облачно време со дожд

by fokus

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од четири до 10, а максималните од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштат до седум, а максималните ќе достигнат до 13 степени.

И во следните денови под влијание на циклонска активност од запад ќе се задржи променливото облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Температурите ќе бидат без поголеми промени.

Поврзани новости