Облачно и дождливо време

by Фокус

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Поврзани новости