Објектот што го фотографирал приведениот истражител на СЈО го обезбедува СГС

by fokus

Новинарски екипи вечерва се упатија на адреса на улицата „Салвадор Аљенде“ на Водно, во потрага на објектот што го фотографирал истражителот на СЈО кој попладнево беше приведен во полициската станица „Беко“ во Скопје.

Министерот Оливер Спасовски вечерва потврди дека приведениот истражител фотографирал објект на Сашо Мијалков, екс директорот на УБК.
По петнаесетина минути откако новинарите стасаа до објектот, пристигнаа и два автомобили на Агенцијата за обезбедување СГС , но немаше никакви инциденти. Поголемо внимание припадниците на обезбедувањето им посветија на регистерските таблици на возилата со кои дојдоа новинарите.

Агенцијата за обезбедување СГС, во „бомбите“ што ги објави опозицијата се поврзува со Мијалков.

 

Поврзани новости