Спасовски потврди: Истражителот на СЈО фотографирал куќа на Мијалков, па бил приведен

by fokus 23:45
23:45

Истражителот на СЈО е приведен откако бил забележан од обезбедувањето на екс директорот на УБК Сашо Мијалков како фотографира негов објект, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

14795937_10209947478351172_808469561_o

„Истражителот на СЈО денеска бил забележан од обезбедувањето на екс директорот на УБК Сашо Мијалков како фотографира објект и бил приведен во ПС „Беко“ на разговор. По насоки на ЈО се побарани негова изјава и целиот предмет е во ЈО, а истражителот е пуштен, изјави Спасовски.

- Advertisements -

Тој информира дека речиси две третини од документацијата што е предмет на истрагата на СЈО во УБК е изнесена. Останува уште една третина која ќе биде земена  кога ќе се создадат услови за тоа и кога ќе дојде претставник од „Ериксон“, производителот на опремата, додаде Спасовски.

„Се што не е земено од страна на СЈО од УБК е на сигурно. Законот е јасен дека наредбите треба да се спроведат, а доколку не се спроведат тоа е кривично дело“, додаде Спасовски.

В. С.

14678006_10209947482031264_1530691334_o

 

Поврзани новости