Објавени седумтемина најдобро рангирани за Антикорупциска, меѓу нив и новинарот Трпеноски

by fokus

Комисијата за селектирање на членовите на Државната комисија за спречување корупција вечерва ја објави ранг листата на пријавените кандидати.

Во првите седум се:  Владимир Георгиев, вработен во Комисијата кој е единствен со 100 бодови, второрангирана е неговата колешка Софка Пејовска – Дојчиновска. И двајцата се дел во службите на комисијата од нејзиното формирање. Треторангирана е ревизорка Катица Николовска, четврт е Нури Бајрами, вработен во општина Гостивар, петта е Билјана Ивановска, исто така ревизорка, шести е новинарот Горан Трпеноски од порталот „Сакам да кажам“ и седми е Шемши Салаи од општина Врапчиште.

Кандидатите треба да поминат уште еден филтер утре во 11 часот на Комисијата за избори и именувања. Тие можат да ги прифатат седумте најдобро рангирани, но не се обврзани на тоа.

Кога Комисијата ќе одбере седум членови на Антикорупциската комисија, тогаш пратениците на пленарна седница ќе треба да ги изгласаат.

 

Поврзани новости