Македонија со претставниците ,,Ај кју’’ и песната ,,Lost and found’’ завршиле на претпоследното место на првата полуфинална вечер на 63 –то издание на Евровизија, на кое победата ја однесе Нета од Израел, со песната ,,Тоу’’.
Според резултатите од гласовите на двете полуфинални вечери, кои рано утринава беа објавени на официјалната страница на Евровизија, Македонија завршила на 18 – то место, од вкупно 19 натпреварувачи, со едваj 24 поени. Зад нас се наоѓа единствено Исланд, со 15 поени. На истата, прва полуфинална вечер, Изреал освоил 283 поени, Кипар 262, Чешка 232, Австрија 231, Естонија 201, Ирска 179, Бугарија 177, Албанија 162, Литванија 119, Финска 108, Азербејџан 94, Белгија 91, Швајцарија 86, Грција 81, Ерменија 79, Белорусија 65, и Хрватска 63 поени.
За најдобра песна на Евровизија во финалето во Лисабон, Португалија, силите ги измерија 26 земји, а победникот беше прогласен на основа на собраните гласови од жиријата и гледачите од сите 43 земји учеснички. Победничката Нета изминативе недели беше фаворит во обложувалниците, покрај Кипар и Франција.
Вики Клинчарова