Партијата на Бачев: Шеќеринска да прекине да ги повикува армиските старешини на информативни разговори

by Fokus

По прес конференцијата на Единствена Македонија, Радмила Шеќеринска спротивно на законските прописи издала наредба за обавување на информативни разговори со старешини на АРМ од страна на воената шпионска служба, со цел, откривање на кртот во АРМ кој наводно ги дал документите на Единствена Македонија кои беа презентирани на прес конференцијата, реагираат од партијата.

„Единствена Македонија ја предупредува Шеќеринска да престанат овие армиски дворски шпионски игри кои ја преминуваат црвената линија со грубо кршење на правата и слободите на армиските старешини кои се повикуваат на информативни разговори. Незаконските малтретирања на воени старешини со информативни разговори потврдува дека граѓаните наивно верувале оти македонските безбедносни служби постојат заради заштита на државата. Па кој ќе ги малтретира со информативни разговори, тогаш граѓаните? – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости