Објавени јавни повици за субвенционирање печки на пелети, ПВЦ прозорци, сончеви колектори и фотонапонски панели

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги објави четирите јавни повици од Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, предвидени за оваа година.

Јавните повици се однесуваат за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата, потоа субвенции за купени печки на пелети, финансиска поддршка домаќинствата ќе добијат и за купени и вградени сончеви термални колекторски системи, како и за купување и инсталирање фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати.

-За мерката субвенции за печки на пелети, од буџетот на Министерството за економија оваа година се предвидени 14 милиони денари, при што субвенцијата изнесува 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари, за домаќинства со ниски приходи. За мерката вградување ПВЦ прозорци, предвидени се 22 милиони денари, а финансиската поддршка изнесува до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, односно до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за лица со ниски примања, соопшти Бектеши.

Поврзани новости