Објавени имињата на загинатите во авионската несреќа

by fokus 10:49
10:49

Италијанските медиуми ги објавија имињата на шестмината загинати во авионската несерќа што се случи вчера во близина на Велес. Весникот „Ла Република“ објави дека пилот на авионот бил Франческо Моњтанер, кој бил претседател на авио клуб од Тревизо.

Во несреќата загинал и потпретседателот на клубот, Дарио Бастиан. Имињата на другите жртви се Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти и косовецот со италијански пасош Висар Бегај.

Според косовските медиуми пак, името на шестион загинат се различно од она објавено во италијанска Ла Република. Ла Репблика објави дека името на шестиот загинат е Ангело Калегари, додека косовските медиуми објавија дека станува збор за братот на Висар Бегај.

Ла Република објави дека уранатиот авион летал од Тревизо за Приштина, каде претставниците на италијанскиот аеро клуб, сличен клуб требало да отворат на Косово.

Поврзани новости