Ученикот Коста Кецмановиќ (14) денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.
Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кецмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добиваше пофалби, пишува Нова.рс.
Други медиуми пишуваат дека добил единица по историја и тоа го разбеснило, ги имал сите петки и го нарекувале „бубалица“.
Кецмановиќ лани го освои и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска целиот крвав пир започна токму поради неговиот гнев кон наставникот по историја, на чиј час утрово упадна и почна да пука.
Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста К. упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.
Прво пукал во учениците и наставничката во кабинетот по историја, а потоа продолжил.
Пред училиштето „Владислав Рибникар“ децата, но и нивните родители се видно вознемирени. Се јавува за најмалку шест загинати деца. Починат е чуварот на училиштето, но и наставничката по историја.