1.1K
Запрашан дали Македонија ќе порача вакцини од српската компанија Торлак, кој најави дека после 20 мај ќе пушти во употреба вакцини против Ковид-19, министерот за здравство, Венко Филипче категорично рече дека нема потреба од нови нарачки за нашата земја.
„Не ни треба повеќе нарачки на вакцини. Со сите договори имаме обезбедено два милиони и 600 илјади вакцини. Тука процесот е заокружен. Засега нема потреба од нова нарачка, дозите се испланирани веќе“, истакна Филипче.