346
Од Центарот за управување со кризи денеска соопштија дека три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ на Министерството за внатрешни работи го пребаруваат вештачкото езеро кај браната „Глажња“ во потрага по мажот кој вчера исчезна во водите на езерото.
Се работи за 30-годишен маж, со иницијали Ф.Р. од селото Никуштак, кој вчера влегол во водите на езерото кај браната „Глажња“ во Липково и не излегол оттаму, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово.
За физичко обезбедување на местото биле ангажирани полициски службеници од полициската станица „Матејче“, а преку кумановската полиција вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.