За жал, сѐ уште не постигнавме 50 отсто помало загадување, бидејќи треба да промениме многу во системот за загревање во нашата земја, вели министерот за екологија Насер Нуредини во интервју за Радио Слободна Европа.
-Треба да направиме многу контроли и проверки во индустријата. Една од клучните работи која всушност ја дознавме, за жал, поради ситуацијата со ковид-19, кога имавме полициски часови, всушност дознавме дека дефинитивно сообраќајот и транспортот значително придонесуваат кон загадувањето. Тоа значително се намали за време на полициските часови – рече Нуредини.
Тој вели дека не може да прогнозира кога точно ќе се исполни планот бидејќи треба да се преземат мерки од повеќе институции.
-Побаравме од Владата и од министерот за правда да го промени Законот за прекршоци и да ги исклучи казните за загадување на животната средина. Тоа всушност неодамна помина на Влада, поточно помина оваа недела, сега ќе оди во Парламентот и јас верувам дека сите во Парламентот ќе го поддржат законот, бидејќи кој и да загадува, за тоа треба да биде казнет и постојат одредени рамки во кои индустријата може да работи – рече Нуредини.