Муслиу: Политиката на САД кон Македонија не се менува со промена на станарот во Белата Куќа

by Фокус

Американската политика кон Македонија во суштина не се менува независно кој е станарот во Белата Куќа, ние сме нивни стратегиски партнер и пријателска држава, а тие водат долгорочни политики, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу откако Бајден победи на последните претседателски избори во САД.

-Реално, за време на претседателствувањето на Трамп, Македонија не беше во фокусот на неговата администрација, па дури во одреден период имавме двоумење кај претставниците од тогашната администрација за улогата во Македонија во 2015-2016 година, но излезе дека нивната улога не била како што мислеа некои, така што мислам дека со новата администрација раководена од Бајден во секој случај може да сметаме на тоа дека ќе бидеме повеќе во фокусот. Сепак станува збор за потрадиционален политичар кој е веќе 50 години во администрацијата. Првпат е избран за сенатор во 1978 година и подолг период ја раководел Сенатската комисија за надворешна политика – вели Муслиу за МИА.

Тој додава дека Бајден голем број политичари на Балканот ги знае и лично и по име и презиме, така што, според Муслиу, нема да му треба долго време да се запознае со фактичката ситуација во Македонија.

Поврзани новости