Министерот Нуредини поздравувајќи ги учесниците на регионална конференција за аерозагадувањето земјите од Западен Балкан, изрази уверување дека дискусиите ќе бидат конструктивни и корисни за справување со најголемиот предизвик во нашата земја и регионот, а тоа е присуството на штетни ПМ честички.
„Знаеме дека едно од најголемите причини е затоплувањето на домовите и начинот на којшто се грееме. Во зимскиот период ова влијае на квалитетот на воздухот, а патниот сообраќај е уште една причина загадувањето, како и старите и лошо одржувачите возила, за кои знаеме статистички дека се скоро 60 проценти под стандардот Еуро 4. Енергетското производство и индустријата исто така имаат свое влијание на квалитетот на воздухот, како и намалувањето на зелените површини“, рече министерот за животна средина и просторно планирање, потенцирајќи дека Министерството презема активности за следење и подобрување на квалитетот на воздухот за развивање на краткорочни и долгорочни мерки“, истакна Нуредини.