Мицкоски: Гоце Делчев и јазикот се македонски

by fokus 13:58
13:58

Поддржуваме сѐ што е добро за Македонија и за Бугарија, но она што е спротивно на интересите на македонските граѓани и на Македонија не може да го поддржиме.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашањето дали неговата парија го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.

- Advertising -

„На средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн“, рече Мицкоски.

Поврзани новости