Нуланд утре во посета на Македонија

by Фокус

Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд како дел од балканската турнеја утре ќе го посети и Скопје.

Утре во 14.30 часот Нуланд има закажано средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети во амбасадата на САД во Скопје. Предвидено е Нуланд да оствари средба и со други претставници од државниот врв.

Во фокусот на посетата ќе бидат евроатланските интеграции.

Денеска Нуланд е во посета на Србија, од каде што заминува за Косово, а потоа во Македонија.

Поврзани новости