869
Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд како дел од балканската турнеја утре ќе го посети и Скопје.
Утре во 14.30 часот Нуланд има закажано средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети во амбасадата на САД во Скопје. Предвидено е Нуланд да оствари средба и со други претставници од државниот врв.
Во фокусот на посетата ќе бидат евроатланските интеграции.
Денеска Нуланд е во посета на Србија, од каде што заминува за Косово, а потоа во Македонија.