-Очигледно, никој не посакува избори ако тие не бидат фер и слободни. Мислам дека целото ова поглавје ја извади на виделина потребата од послободно окружување за медиумите, за да се обрне внимание на изборните прашања кои ги идентификуваше ОБСЕ, за систем на владеење на правото во кого сите ќе имаат доверба, рече американскиот помошник државен секретар, Викторија Нуланд, во интервју за телевизија Алсат М.
Таа додаде дека ако има потреба од американска интервенција на повисоко ниво овде, тогаш тие ќе ја обезбедат, но главната идеја е македонските субјекти, како што рече Нуланд, да ги засукуаат ракавите и да ги затворат овие последни проблеми, за земјата да се врати на својата работа и на својот демократски курс.
-Не мислиме дека е можна стабилност ако нема слобода, демократија, правичност и раст. Мислиме дека овие работи одат една со друга. Особено во земји со предизвици како мултиетничноста што ја имате. Во Македонија морате да имате систем во кој луѓето имаат доверба, одговори Нуланд на критиките дека меѓу стабилност и демократија во Македонија, Брисел и САД избираат стабилност.
Викторија Нуланд интервјуто го заврши со уште едно потрдување на тезата дека прво треба да се обезбедат услови за фер и демократски избори, па потоа да се одржат изборите.