Хан утре доаѓа во Скопје заедно со европратеничката тројка

by Фокус

Еврокомесарот Јоханес Хан утре ќе допатува во Скопје за конечно да се реши полиичката криза во Македонија и да се постигне договор. Тој ќе се сретне со лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи.

-Средбите што ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На нив, исто така, ќе присуствуваат олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, стои во соопштението од Европската комисија.

Хан во Скопје ќе биде дочекан од зацементирани позиции на двете македонски партии. ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа ниту министри од СДСМ, ниту смена на премиер, а СДСМ бара минимум 4 важни ресори и смена на Груевски 6 месеци пред изборите.

Поврзани новости