Вакцината против коронавирусот ќе биде достапна многу скоро, а рестрикциите со кои сега се соочуваме ќе траат до средината или крајот на мај, тврди Флориан Крамер, професор по вакцинологија од Њујорк. Тој посочи дека вакцината не е во фаза на истражување, туку веќе се прават клинички испитувања.
-Клиничките испитувања се долготрајни и имаат неколку фази, бидејќи вакцината мора да биде безбедна пред да се вакцинираат голем број луѓе. Со оглед на тоа дека околу 40 компании се занимаваат со пронаоѓање на вакцината, не мислам дека нејизното пронаоѓање ќе биде некаков проблем – објасни Крамер.
Тој напомена дека е ова редок случај во историјата да постојат доволно пари за развој на вакцината за разлика од САРС и МЕРС, за кои, како што истакна, работата на пронаоѓањето на вакцината се прекина кога ширењето на заразата се стави под контрола.