Нухиу: Во борбата против корупцијата нема да бидат поштедени ни полицајците

by Фокус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, денеска во Гостивар порача дека годинава ќе се води остра борба со криминалот и со корупцијата, при што, истакна тој, нема да бидат поштедени ниту полицајците, ниту луѓето од државната управа.

– Сакам да го повторам ставот дека ќе имаме нов и поагресивен пристап во борбата против кримималот и корупцијата и ќе се гони секој еден кој нема да подлежи на апсолутниот авторитет на законот. Верувам дека 2018-та ќе биде година на некомпромисното справување со криминалот и корупцијата, дури и ако е дел од структурите на полицијата и на државата – посочи Нухиу.

Поврзани новости