Од денеска дизелот е поскап за 3,5 денари

by Фокус

Од денеска на бензинските станици дизел горивото чини 58,5 денари, што е за 3,5 денари повеќе од претходно поради тоа што владата ја зголеми акциза на енергенсот.

Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година, кога министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека поскапувањето на дизелот нема да предизвика раст и на цените на другите производи.

Притоа, образложението за зголемувањето на акцизата беше дека тоа ќе придонесе за намалување на загадувањето, бидејќи ќе ги дестимулира граѓаните да возат дизел возила, кои важат за значителни загадувачи, иако самите власти, вклучително и премиерот Зоран Заев, посочија оти најголеми загадувачи не се автомобилите туку домаќинствата.

Во суштина, целта на оваа мерка беше во тоа да се обезбедат дополнителни приходи за да се реализираат предвидените владини програми и да се покрие проектираната расходна страна, која е повисока во однос на претходните буџети.

Поврзани новости