567
Петмина вработени во МВР се заразани со корона вирус, објави денеска заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил.
Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“.
-Ковид-19 почна да го погодува Министерството за внатрешни работи. Потврдено е дека имаме петмина вработени во полицијата, а во полициската станица „Петровец“ постои можна опасност! Ги повикуваме вработените во полицијата да ја зголемат грижата за време на справувањето со создадената ситуација, напиша Нухиу.