Знамето на Македонија свечено ќе биде подигнато во Брисел и Норфолк за добредојде во НАТО

by fokus

Церемонија на подигнување на знамето на Македонија ќе се одржи попладнево во седиштето на НАТО во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

Свеченото подигнување на знамето предвидено е да се одржи во 15 часот, на кое е предвидено кусо обраќање  на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претставник на Делегацијата на Македонија во НАТО.
Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО.

Поврзани новости