Во Словенија забрана за движење од општина во општина

by fokus

На граѓаните на Словенија од денеска им е забрането да ги напуштаат општините каде што живеат, јави дописниот на МИА од Љубљана.

Ова го одлучи Владата, откако за време на викендот Словенците ги наполнија туристичките места не почитувајќи ги препораките да се остане дома. Забраната за напуштање на општините беше најавена уште на почетокот на минатата недела, но поради генералното почитување на ограничувањето на движењето мерката не беше активирана.

Сега надлежните се на став дека се исполнети условите за нови ограничувања со цел спречување на неконтролираното ширење на корона вирусот.

Поштедени од оваа мерка ќе бидат граѓаните кои не живеат во општината каде што работат и ако мораат поради грижа за стари или изнемоштени лице да патуваат надвор од својата општина.

Поврзани новости