НСДП: Со вакво судство, Груевски може да егзекутира пола држава и да не биде виновен!

by Фокус

После долго молчење на јавниот обвинител Марко Зврлевски за мега корупцискиот скандал Македонска банка, во  соопштението за јавност повикувајки се на застареност на предметот, тој практично призна дека сепак постои кривично дело, велат од НСДП.

Од партијата велат дека со оглед на тоа што опозицијата и голем дел од експертите јавно прашуваа дали на снимката е гласот на премиерот Никола Груевски се поставува прашањето дали обвинителството сепак ја потврдува експертизата и вештачењето на експертитите од Србија дека сепак гласот на снимката е на тогашниот пратеник, а сегашен премиер.

„Господине Зврлевски велите дека обвинителство не може да се впушти во правна анализа на вештачењето на гласот од снимката, затоа што било извршено без наредба на овластен орган, ама затоа сте се впуштиле да констатирате дека сепак случајот Македонска банка е застарен и за истиот не може да се поведе кривично гонење. Со вакво срамно и скандалозно соопштение зад кое се затскрива јавниот обвинител Зврлeвски само се потврдува констатацијата, за директна вмешаност во носењето на одлуките на обвинителството, од страна на високи функционери на Владата. Најверојатно јавниот обвинител Зврлевски во носењето на одлуката за отфрлање на обвинението за случајот Македонска банка, сепак се раководел од препознатливоста на гласот на човекот кој што му сугерирал (наредил) да донесе таква срамна одлука. Во вакви услови на режим и контрола над судството и јавното обвинителство, хипотетички Никола Груевски може да егзекутира пола Mакедонија и притоа никогаш да не биде виновен“, се вели во соопштението на НСДП.

 

Поврзани новости