Како ВМРО-ДПМНЕ од зграда од 400 м2, стигна до деловен простор од околу 4.000 м2? Како најзадолжената партија стана сопственик на градежно семјиште од 1.224 м2 и како обезбеди маркица на целата површина, имајќи предвид дека жолтата зграда на ВМРО-ДПМНЕ во основа беше стотина метри квадратни? Со овие прашања упaтени на адреса на владејачката партија, денеска излезе опозициската НСДП:
„Наместо сликовити објаснувања како изгледа јарболот на канбанаријата на новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе пишува на него и со какви букви, ВМРО-ДПМНЕ е должно на јавноста да и објасни многу работи. Тие тврдат дека за новата зграда не потрошиле ни денар, затоа што целиот трошок го покрива со инвеститорот, должни се да објаснат на граѓаните колку чини земјиштето под новата зграда и како партијата ги обезбедила парите за откуп на земјиштето?“ – се наведува во соопштението на НСДП.
Од таму додаваат дека за нив одговорот е јасен – „на сила и криминално, каков што е и нивниот стил на владеење“.