Исчезна 23-годишна Македонка која работела на брод

by lali

Дваесет и три годишната Дениса Маркоска, која 2 години работела на бродот Serenissima веќе четврти ден е исчезната. Случајот прво се прошири на социјалните мрежи каде што нејзините блиски објавија дека од девојката нема ни трага ни глас.

„Како и многу други Македонци Дениса тргнала во потрага по работа и егзистенција на туристички брод. Две години успешно работела на истиот брод и оваа година потпишала договор по трет пат. Пресреќна била поради сето тоа, ја споделувала радоста со блиските, со пријателите….Кратко време по тоа оваа девојка исчезна….исчезна од брод што плови на отворено море, во раните утрински часови на 13 септември. Бродот Serenissima пловел под руско знаме во територијалните води на Грција. Никој не видел што се случило. Спроведена е истрага со многу празнини и недоследности од страна на грчката полиција на Крит. Родителите се уште не добиле официјален извештај ниту од капетанот на бродот, ниту од грчката полиција, ниту пак од некоја надлежна македонска институција. Родителите се очајни. Ги молам сите кои може да помогнат со дистрибуција на оваа информација, превод на повеќе јазици, како и притисок на надлежните органи од сите инволвирани земји. Па луѓе мои, ќе се изгуби мачка и ќе се даде повеќе публицитет отколку за една млада и убава девојка. Да не дозволиме ова да се заташка“, пишуваат познаниците на Дениса.

На веб страницата која објавува вести за туристичките бродови ширум светот објавена е веста за исчезнатата девојка, но со многу малку информации. Освен дека е исчезната девојка, на веб страницата стои дека станува збор за мал брод кој пренесува 110 патници и има 48 членови на екипажот.

Само еден грчки портал засега ја има објавено веста за исчезнатата девојка. Од МВР велат дека таткото на Дениса го пријавил случајот во прилепската полициска станица пред 3 дена.

„Интерпол Скопје веднаш испрати допис до Интерпол Атина и чекаме одговор“, велат од МВР.

Поврзани новости