МНР: Бараме детална истрага од грчките власти за исчезнатата девојка

by lali

Министерството за надворешни работи бара детална и прецизна истрага за исчезнувањето на 23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп која на 13 септември исчезна од бродот каде што работела. Дениса две години работела на бродот Serenissima, кој пловел под руско знаме во територијалните води на Грција, а неодамна склучила договор за работа за уште една година.

„Од наша страна спроведена е детална истрага. Имаме голем наплив од информации и во контакт сме со македонската канцеларија за врски во Атина која се обрати до грчките власти. Родителите дојдоа тука, добиле различни информации, но ние бараме конкретен резултат од истрагата, а не само изјави од поединци“, велат од македонското МНР.

Од Министерството ги негираат шпекулациите дека Дениса си го одзела животот. Велат дека засега нема конкретни докази дека такво нешто се случило. Она што засега е познато е дека нејзин колега од бродот каде што работеле дошол во земјава и ги донел личните работи на 23-годишната девојка на нејзините родители во Прилеп. Меѓу личните работи бил и мобилниот телефон на младата девојка.

Од МВР веќе информираа дека во истрагата е вклучен и Интерпол и дека интензивно се работи на наоѓање на исчезнатата девојка.

Поврзани новости