395
ВМРО-ДПМНЕ да објасни како стана сопственик на градежно семјиште од 1.224 квадратни мерки и обезбеди маркица на целата површина за новиот објект каде ќе биде сместена партија, имајќи во предвид дека станува збор за најзадолжена партија, побара опозицискиот СДСМ.
– Бидејќи тврдат дека за новата зграда не потрошиле ни денар, затоа што целиот трошок го покрива соинвеститорот, должни се да им објаснат на граѓаните колку чини земјиштето под новата зграда и како партијата ги обезбедила парите за откуп на земјиштето – велат од партијата на Тито Петковски.