НСДП: Бојкот на изборите за демократска Македонија

by Фокус

НСДП ги охрабрува опозициските партии и сите граѓани да истраат во бојкотот на изборите на 5 јуни, доколку, како што велат од таму, демократијата во земјава им е поважна од криминалниот и клиентилистички поредок.

„Ја имаме историската шанса да покажаме политичката созреаност и ланецот на изборен криминал, кој континуирано се спроведува од 2008 година до денес, да го пресечеме и да означиме почетокот на една нова Македонија, изградена на темелите на демократијата и правната држава. Не постои подобра прилика за утврдување на подршката на злосторничкото здружение ВМРО-ДПМНЕ, односно да се преброи демократски определената јавност и народот на Никола Груевски, отколку нивното излегување на избори на начин на кој што се определиле да одат“, порачуваат од новите социјалдемократи.

Од партијата на Тито Петковски додаваат дека опозицијата е во состојба да го утврди бројот на сите граѓани кои ќе излезат на избори, кои фактички го поддржуваат Груевски, па така, според оваа партија, македонската јавност ќе има можност да го види народот кој поддржува криминал и корупција.

Поврзани новости