Новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ излегло надвор од градежната маркица

by Фокус

Инспекциските контроли извршени од страна на Општина Центар врз објектот каде е сместено новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, кое го гради компанијата „Бетон“, покажале дека оваа градба, именувана како „Палата Христо Татарчев“, има низа неправилности.

 

Како што информираат од Општина Центар, инспекцијата констатирала дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако објектот е во фаза на изградба па согласно законот нема употребна дозвола.

Понатаму, увидот покажал дека над влезот на објектот има балкони и покриен дел, и покрај тоа што градежната маркица завршува само со објектот.

Од Општина Центар посочуваат дека објектот излегол од границите на градежната парцела и зафатил дел од државниот имот.

Од понеделник, инспекција повторно ќе побара од инвеститорот да овозможи увид на дел од објектот кој е пуштен во функција, со цел да констатира дали градбата одговара на одобрениот проект, доставен и одобрен од општина Центар.

Поврзани новости