Откази во МВР: Полицајци работеле под дејство на дрога

by Фокус

Министерството за внатрешни работи утврдило повреди во работењето кај 13 свои припадници, од кои тројца заработија и отказ.

Станува збор за двајца полицајци од Аеродром и од Ѓорче Петров, кои, според МВР, биле под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи.

Третиот случај се однесува за припадник на Единица за прв одговор и интервенција-АЛФА, кој навремено и писмено не го известил работодавачот за отсуството од работа 3 последователни работни дена.

Поврзани новости