Новото C-Class Coupé дојде во Македонија

by Фокус

Mercedes-Benz продолжува со силната експанзија на промовирање модели со врвен дизајн и технолошки иновации, како дел од стратегијата која се однесува на автомобилскиот дизајн наречена „Чиста сензуалност“.

Последен во низата нови модели е и новото C-Class Coupe, неодамна промовирано на саемот за автомобили во Франкфурт, а од денеска веќе и достапно во салонот на Мак Аутостар.

C-Coupe 6

 

Чистите линии и скулптурни облини на надворешниот дизајн се поигруваат со светлината, истакнувајќи го секој уникатен детал на дизајнот. Атлетски и спортски, новото Coupé јасно ја прикажува својата модерна луксузност како кај надворешниот, така и кај внатрешниот изглед.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Внатрешноста на новото C-Class Coupé претставува своевидна дефиниција на дизајн филозофијата на Mercedes-Benz, која ги комбинира сензуалноста и интелигентните решенија на севкупниот изглед. Од фабриката на Mercedes-Benz велат дека ова е автомобил кој за само 30 милисекунди може да го активира адреналинот на максимално ниво.

C-Coupe 5

Вградените материјали овозможуваат добивање лесна конструкција и намалена тежина на возилото, а со тоа и одлична аеродинамичност и високи перформанси.

Со сите овие карактеристики, новото C-Class Coupé поставува нови стандарди во својот сегмент.

C-Coupe 1

Mercedes-Benz е предводник во полето на аеродинамиката кај автомбилите, за што нуди возила со најдобар коефициент на отпор на воздухот кај неговите модели во речиси сите автомобилски сегменти. Новото C-Class Coupé поседува коефициент на аеродинамичност Cd 0.26. Ова е особено значајно кога автомобилот се движи на отворен пат, при поголеми брзини на движење.

Поврзани новости