Иванов на самит во Загреб

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на вонредниот самит на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“, кој се одржува во Загреб.

Од неговиот кабинет соопштија дека тој ќе се обрати на пленарниот состанок насловен како „Дијалогот ЈИЕ – ЕУ – САД“ и ќе учествува на работниот ручек на земјите-членки и ќе оствари серија на средби.

На самитот, ќе учествуваат претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, претседателот на Австрија, Хајнц Фишер, претседателите на Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија, Албанија…

Поврзани новости