СДСМ: Спречивме огромно задолжување на Груевски и Ставрески

by Фокус

Во интерес на граѓаните и идните генерации, СДСМ го преполови планираниот износ на еврообврзницата и спречи огромно ново задолжување на граѓаните од 500 милиони евра што Никола Груевски и Зоран Ставрески сакаа да го спроведат, соопштија од опозициската партија.

„СДСМ не дозволи заради неразумните трошења на власта граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош. Но, исто така, СДСМ не дозволи недомаќинските политики на Груевски да бидат товар на идните генерации. Промашените политики во изминатите години се главна причина лошите економски перформанси Груевски да ги покрива со постојано задолжување на граѓаните“, сметаат социјалдемократите.

Поврзани новости