Новоизбраниот уставен судија Костадиновски: Не сум го советувал претседателот Иванов за масовната аболиција

by Fokus

Новоизбраниот уставен судија на предлог на претседателот Ѓорѓе Иванов, Дарко Костадиновски кој воедно неколку години е негов близок соработник денеска во Парламентот изјави дека не го советувал шефот на државата за масовната аболиција на осомничените од страна на Специјалното јавно обвинителство, во април, 2016 година.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот„ Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Докторирал на тема „Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици од советодавните мислења на Судот“ и е автор на книгите „Меѓународна Арбитража“ и „Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења на Судот и нивните импликации)“.

Костадиновски како предлог за уставен судија, доаѓа од местото државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Член е на кабинетот на Претседателот од 2001 до денес.

Поврзани новости