Осман Кадриу: Да се биде уставен судија е привилегија, но оваа функција носи голема одговорност

by Fokus

Да се биде уставен судија е привилегија, но оваа функција носи голема одговорност, рече Осман Кадриу откако Парламентот го избра за нов уставен судија на предлог на претседателот Ѓорге Иванов.

-Уставен судија треба да биде одговорен во остарувањето на функцијата, но и на надлежноста на судот. Преку овој суд се остварува државниот, општествениот и граѓанскиот интерес. Да се штити правниот и уставниот поредок, тоа значи да се сака Уставот, а да се сака Уставот значи да се сака државата – рече Кадриу.

Според него, законот за јазици не е во спротивност со Уставниот поредок.

Поврзани новости