Ново задолжување од 5,4 милиони евра

by fokus

Владата денеска ќе се задолжи кај домашните кредитори за 5,4 милиони евра, сума која утре ќе се искористи за враќање на стари долгови.

Задолжувањето ќе се направи преку  аукцијата на државни хартии од вредност, кои ќе бидат понудени три месечни записи со девизна клаузула, 12 месечни записи како и обврзници на 10 и 15 години.

Според официјалните податоци, заклучно со првиот квартал од 2016 година, вкупниот јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45% од БДП и последниве години постојано е во пораст.

Надворешниот долг на Македонија пак, во само три месеци се зголеми за 353 милиони евра. Заклучно со март, годинава надворешниот долг на земјата изнесува 6,7 милијарди евра или 70,1 отсто од Бруто домашниот производ.

Поврзани новости