АЕК Атина се радува на пласман во плејофот во Лигата на шампиони, откако во возбудлив меч го елиминираше Динамо Загреб. Грчкиот тим со два гола во судиското надополнување стигна до 2:2 што беше доволно да се радува за место во следната фаза.
Овој двомеч мечу АЕК и Динамо остана во сенка на трагедијата што пред речиси две недели се случи во Атина, кога требаше да се игра дуелот во главниот град на Грција, но беше одложен, откако во нередите меѓу навивачките групи на двата тима смртно настрада еден симпатизер на АЕК.
Повеќе видео снимки излегоа од тој црн настан, но клучното видео се појави доцна синоќа на популарната твитер страница Hooligans.cz. Се работи за петминутно видео на кое е обележано движењето на несреќниот Михалис кој беше убиен на 7 август.
Според снимките кои се покажуваат, на твитер профилот тврдат дека Михалис кој беше навивач на АЕК, е убиен од друг навивач на АЕК, а не од навивач на Динамо.
07.08.2023, AEK Athens🇬🇷 vs BBB (Dinamo Zagreb🇭🇷), AEK fan stabbed by AEK fan https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/CTdBae36pT
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 19, 2023