Ново рочиште за случајот „Триста“

by fokus

Судењето за случајот „Триста“ денеска треба да продолжи во Кривичниот суд, каде што треба да му се суди на Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР, за набавката на 300 возила за потребите на министерството.

На ова рочиште е предвидено да се појави вештак и невролог кои треба да утврдат дали Поповски може да ги следи рочиштата, бидејќи тврди дека е во лоша здравствена состојба.

Сепак се очекува судското рочиште да се одложи, бидејќи од 1 јануари речиси сите судења по предметите на СЈО ќе почнат на почеток поради прераспоредувања на судиите кои ги водеа предметите.

Случајот „Триста” СЈО го отвори поради сомнителна набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570.

Поврзани новости