612
Јавна расправа по Предлог-законот за амнестија денеска треба да се одржи на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Со законот треба да бидат ослободени од издржување казна затвор околу 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а на 3.097 лица да им биде намалена казната за 30 проценти.
Министерството за правда при подготвувањето на законот ги имало во предвид условите во казнено-поправните установи кои од меѓународните организации се оценети како нехумани.