Ново рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО

by Fokus

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот генерален и поранешниот финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како „Маџар телеком”.

Денеска се очекува да сведочи адвокатот Стевица Јосифовски кој бил правник во компанијата.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО. Постапката се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија.

Поврзани новости