520
Денеска ќе продолжи судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“.
На судењето за предметот „Тенк“ на СЈО на 25 април сведочеше Дејан Митровски Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски.
Во „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.